Porsche каков не сте виделе
Проектот C88 е „народниот автомобил“ на Porsche наменет за Народна Република Кина
Објавено на 5 септември 2019 година
Porsche е симбол на престиж кој се изразува со многу нули во цената. Во моментов е актуелен Taycan чија цена стартува од 152.000 евра, но Porsche некогаш знаеше да направи и народен автомобил – во буквалната смисла на зборот. Не е шега – го гледате на фотографиите и најверојатно никогаш не сте чуле за него. Настана во 1994 година како резултат на повикот на кинеската влада до дваесетина светски автомобилски производители да направат семеен автомобил за широките народни маси. Планот беше најдобриот проект да се произведува во кооперација со First Automotive Works, и тоа најмалку половина милион возила годишно.
Porsche го разви овој концепт со ознака C88 за само 4 месеци, со идеја тоа да биде кинески еквивалент на VW Буба и да ја моторизира земјата. Затоа мораше да биде евтин, робусен, простран, удобен, но и со едноставна архитектура која би дозволува лесно приспособување за производство. Планот беше од него да настанат 3 модела – компакт со три врати и 1,1 литарски бензинец со 47 KS, покомфорна верзија со 5 врати и посилен мотор со 67 KS и престижна верзија со поголема должина и 4 врати која би имала и потенцијал за извоз на други пазари. Колку сериозно во Porsche ја сфатија работата сведочи и списокот опции кој вклучуваше ABS, воздушни перници и 1,6 литарски дизел.
Но, кинеската влада им се заблагодари на учесниците на повикот и не избра никого за победник, за подоцна доста од идеите и деталите на прикажаните концепти да осамнат на некои сосема други модели, а C88 да се пресели во музејот на Porsche, каде е и денес.