Polestar – На повидок мал кросовер под напон

Јамб во најава

Polestar го откри својот нов  потенцијал

Пред истекот на календарската година компаниите прават резиме на стореното и ги презентираат плановите за иднината. Кога Polestar е во прашање тогаш тие се поврзани со електричниот погон со батерии. Првенецот Polestar 1 што туку заврши да се произведува правејќи место за првото спортско-корисно возило од куќата. Продажната премиера на Polestar 3 е закажана за 2022 со почетна цена од 75.000 евра.

На своето годишно обраќање извршниот директор Томас Ингенлат извади ас од ракавот прикажувајќи го во развојна форма Polestar 4. Прилично беше уверлив во својот став дека „четворката“ ќе дојде на пазарот во втората половина на 2023. Ќе биде поставена на платформа од семејството Geely и се очекува да има перформанси на исто ниво како Porsche Macan. Купеовската форма на каросеријата, намалените димензии, електро-погонот и почетната цена од 55.000 евра јасно укажува дека на удар ќе бидат повеќе адекватни модели, како Ford Mustang Mach-E или Hyundai IONIQ 5. Ако Polestar 4 кога ќе дојде во продажба ја задржи најавената цена ќе има големо влијание на конкуренцијата. Како подршка на амбициите се најавува подигање на повисоко ниво на луксузните третмани во внатрешноста кои треба да го кренат Polestar 4 над просекот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER