Polestar 4 – Моќен и простран електричен SUV купе

Кинеската марка со шведско педигре го проширува својот асортиман со модел кој ги спојува пространоста на еден SUV и перформансите на спортско купе

После лимузината Polestar 2, па потоа пред половина година претставениот SUV Polestar 3, производителот во сопственост на Volvo и Geely сега претстави уште еден модел од својата идна понуда – Polestar 4. Тој е со прилично необичен изглед што ќе биде тешко да се смести во некоја од категориите, но компанијата го опишува како SUV купе со високи перформанси од D-сегментот. Идејата на Polestar е во овој автомобил да се спојат линиите на типично купе, пространоста на SUV модел и високите перформанси.

Според нив Polestar 4 ќе биде најбрзиот и најмоќен модел во понудата, со големина и цена сместен меѓу Polestar 2 и 3. Дизајниран е од нула, со внимание на пространоста на задната клупа иако бочната линија е заоблена како кај купе и покривот врло брзо паѓа према задниот дел. За да се ускладат потребите и желбите со таквиот облик на возилото од математиката е исфрлено задното стакло кое ќе биде заменето со засега непознат додаток во внатрешноста осмислен за подобрување на искуството на патниците на задната клупа. Јасно, и внатрешниот ретровизор мораше да биде заменет со задна камера и дигитален екран.

Polestar 4 е долг 4.84 метри, а има меѓуоскино растојание од дури три метри. Ќе се нуди во две верзии, од кои посилната благодарејќи на двата електромотора со вкупна моќност од 544 KS од место до 100 km/h ќе забрзува за 3,8 секунди. Батериите ќе имаат капацитет од 102 kWh, а компанијата цели на автономија од 560 km према WLTP кај посилниот модел, додека верзијата со еден електромотор со 272 KS ќе има планирана автономија од 600 km.

Производството на Polestar 4 ќе започне во Кина во ноември годинава. На европскиот пазар првите примероци би требало да стигнат веќе на почетокот на 2024-тата, со приближна стартна цена од 60.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER