Polestar 4 – Во форма на купе кросовер

Четвртиот во низот

Polestar го претстави својот четврти модел, електричен купе кросовер

Работењето на кинеско-шведскиот премиум бренд Polestar зема замав. Неодамна е претставена конечната верзија на четвртиот модел на компанијата чие пазарно деби ќе се случи вгодина.

Базиран е на платформата SEA развиена од Geely со меѓуоскино растојание од три метри. Вкупната должина е 4,84 метри, ширина 2,14 метри, но висок е само 1,54 метри. Каросеријата ветува доволно простор, од кој особено профитираат патниците на задната клупа.

Конструирањето на Polestar 4 е направено независно и се класифицира како нова сорта на кросовер купе. Тоа го потврдува големиот панорамски покрив кој се протега по целата должина на патничкиот простор и ниската силуета која нуди доволна висина во кабината.

Polestar 4 ќе се испорачува во две изведби, со еден или двоен мотор. Посилната има моќност од 400 kW, 686 Nm вртежен момент и погон на сите тркала, а втората со 200 kW, 343 Nm вртежен момент и погон на задните тркала. И двете верзии се опремени со батерија од 102 kWh, која треба да овозможи автономија според WLTP до 560 километри.

Верзијата со еден мотор има опсег до 600 километри. Со спринтот од 0 до 100 км/ч за 3,8 секунди, тоа е најбрзото сериско возило на марката досега. Во зависност од верзијата, тркалата се со големина помеѓу 20 и 22 инчи. Сите верзии може да се полнат со директна струја до 200 kW и наизменична струја од 22 kW. Polestar 4 е стандардно опремен со вкупно дванаесет камери, радар и дванаесет ултразвучни сензори.

Во зависност од опремата, кокпитот располага со 10,2-инчен дисплеј за возачот пред воланот, 15,4-инчен инфозабавен екран и 14,7-инчен head-up дисплеј на ветробранското стакло. Производството е планирано да започне во ноември во фабриката во Хангжу, Кина од каде ќе започне и продажбата.

Лансирањето во Европа и Северна Америка е планирано за почетокот на 2024 година. Се очекува почетната цена да биде 60.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER