Polestar 3 – Кросовер со мускули

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Теренец за електричната ера

Шведската компанија за перформансни електрични автомобили го најави својот трет модел за есенва. Наречен едноставно Polestar 3 ќе биде влезница во светот на кросоверите на компанијата. Неговото производство треба да започне на почетокот  на 2023 паралелно во САД и Кина. Првата откриена фотографија на Polestar 3 покажува дека дизајнерскиот идентитет еволуира со силен карактер на брендот. Според Томас Ингенлат, кормиларот на Polestar, се планира во следните три години, секоја година да се лансира нов автомобил, почнувајќи од Polestar 3, и има за цел да го зголеми своето присуство на најмалку 30 глобални пазари до крајот на 2023 година. Проекцијата на Polestar е ланската продажба, која достигна 29.000 примероци, да ја зголеми дест пати заклучно со 2025 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER