ПОЦ обезбедува нови услиги

ПОЦ се грижи за граѓаните и нивните гости со нови услуги

Преоповареноста на паркинг просторот во Општина Центар е тежок за решавање, но позитивен тренд е што ПОЦ се труди да воведе нови услуги што ќе придонесат да се намалат проблемите со паркирањето во најпосетената општина во Македонија.

Затоа воведе нови типови паркинг-карти достапни во Општина Центар. Станува збор за Мулти-неделна паркинг-карта, со цена од 2000 денари, која важи 7 дена и овозможува паркирање на сите комерцијални паркиралишта во зона 1 и зона 2. Втората услуга е гостински паркинг-карти, наменети исклучиво за жители со склучен кориснички договор на кои им доаѓаат роднини и пријатели во посета.

За такви визити предвидена е Дневна гостинска карта по цена од 300 денари и Неделна гостинска карта – по цена од 1200 денари. Овие гостински карти можат да се користат само на отворени типови паркиралишта (комерцијални и резидентни) во секторот каде што жителот има пријавено живеалиште. Со оваа активност, ПОЦ продолжува со транспарентна комуникација со жителите на општината и креирање практични решенија за секојдневните потреби на граѓаните. Новите паркинг карти се дизајнирани за поголема флексибилност и ефикасност при користење на паркинзите во Центар, и истите можат да се купат на веб страната www.poc.mk.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER