ПОЦ – Крводарителска акција

По повод одбележувањето на 18-тиот роденден, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар одржа крводарителска акција.

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен Крст на Република Северна Македонија, вработените во ПОЦ даруваа крв со ентузијазам, демонстрирајќи посветеност на општествено одговорни активности.

Директорот на ЈП ПОЦ и останатите вработени ја покажаа својата солидарност и поддршка на оваа важна хуманитарна акција. „Дарувањето крв е можност за сите нас да направиме разлика во нечие здравје. Благодарни сме на сите кои се приклучија на оваа акција, а истовремено ги повикуваме и другите да се приклучат на крводарителските акции што се одржуваат секојдневно низ државата,” изјави директорот Душко Коцевски.

Крводарителството продолжува да биде важен начин за помош на оние на кои им е најпотребно, а Институтот за трансфузиона медицина постојано организира крводарителски акции низ целата земја. Информации за неделниот распоред на акциите може да се најдат на официјалната Фејсбук страница “Крводалители Македонија”.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER