Реномираниот производител на пневматици сега е достапен на македонските возачи со врвен квалитет и пристапни цени
Убава вест за проширување на понудата за македонските возачи дојде од Пнеуматик, компанија која има повеќе деценијска традиција во сверата продажба, услуги и одржување на пневматици.
За Kumho Tires во Македонија до скоро малку се знаеше, но производителот од Јужна Кореја е многу добро познат на глобалната сцена. Kumho Tires има традиција долга шест децении и за тој период успеа да се етаблира како еден од глобалните лидери во производството на пневматици за патнички, теренски и комерцијални возила. Препознатливи по својата технологија, иновации и извонреден квалитет, пневматиците на Kumho нудат совршен баланс помеѓу перформанси, безбедност и издржливост.
Тие се произведуваат во вкупно десет фабрики лоцирани во Јужна Кореа, Кина, САД и Европа. Kumho, следејќи ги најновите технолошки достигнувања, развој и извонредност во производството ги исполнува највисоките светски и европски стандарди за безбедност и ефикасност. Отсега, благодарение на Пнеуматик, и македонските возачи ќе имаат можност да уживаат во овие квалитети на возењето. Kumho се позиционира како премиум бренд кој нуди врвни перформанси, но по цена достапна за секој возач. Овие пневматици се идеални за оние кои сакаат да добијат најмногу за своите пари – комбинација на најсовремена технологија, безбедност и удобност по прифатлива цена.
Независните тестирања покажуваат дека Kumho успешно се носи со производите на скапите премиум брендови, без компромис во квалитетот и перформансите. Тоа го потврди и реномираниот германски автомобилски клуб ADAC и AutoBild познати по своите ригорозни тестови. Воедно пневматиците на Kumho се сертифицирани од TÜV SÜD, еден од најпризнаените светски ревизори на стандарди за безбедност и квалитет.
Овој сертификат потврдува дека гумите ги задоволуваат највисоките критериуми за издржливост, безбедност и енергетска ефикасност. Како дополнителна потврда за високиот квалитет Kumho пневматиците се избор за прво вградување на Audi, Škoda, Cupra и Volkswagen.
Ова докажува дека пневматиците Kumho обезбедуваат одлично однесување на влажни и суви патишта, комфор, тивко возење и одлична отпорност на абење. Kumho Tires е добро познат и во мото спортот. Тој е официјален производител на пневматици во европскиот TCR Шампионат и активно поддржува добро познати клубови од разни спортови.
Дополнително, Kumho е EV Ready, што значи дека има пневматици специјално дизајнирани за електрични возила, нудејќи оптимална ефикасност и низок отпор при тркалање. Како ексклузивен увозник, Пнеуматик обезбедува широка палета од асортиманот на Kumho за различни видови возила и има за цел да им понуди на македонските возачи проверен, сигурен и квалитетен бренд кој ќе ги задоволи нивните очекувања.
Kumho Tires се достапни во сите мало продажни центри на Пнеуматик, како и преку мрежата на соработници низ Македонија.