Pininfarina – Battista

Занимливости насловна

Колку пари, толку музика

Светот на ултра богатите добива уште една играчка!

објавено 23. јули 2021

Многу пари носат многу проблеми. Хипер автомобилот ќе биде најсилното возило што доаѓа од Италија, потполно е електрично со пакет батерии од 120 киловатчасови од каде четирите мотори црпат енергија за своите вкупно 1.900 КС, има 2.300 Nm вртежен момент и чини над два милиони евра. Забрзувањето му е подобро од актуелните болиди на Формула 1 со најавен спринт до 100 км/ч пократок од две секунди! Производството на секој примерок ќе се одвива  рачно во атељето на Pininfarina во Камбиано. Но не е се во силата.

Разгалените и пробирливи милијардери, иако Battista ќе се произведе во ограничена серија од 150 примероци, сакаат да имаат уникатно персонализиран  автомобил. Најавено е дека хипер автомобилот ќе може да се уреди во внатрешноста со вкупно 128 милиони комбинации и дури 56 бои на каросеријата! Тоа е од големо значење за оние што планетава им е тесна. Во склад на своето 91 годишно наследство да прави ексклузивни автомобили, Pinifarina нудии посебна програма со три димензионален приказ како би изгледала комбинацијата на сите понудени материјали до најмали ситници.

Секој од клиентите, заедно со дизајнерскиот тим на Pinifarina, ќе го креира својот перфектен чисто електричен хипер автомобил што гарантира дека секој произведен примерок ќе биде единствен во секој елемент на дизајнот и желбитете на клиентите ќе бидат претворени во реалност. За таа цел сите можности имаат приказ од 360 степени што ќе им даде јасна слика на клиентите како ќе изгледа нивниот колекционерски примерок. Првиот Battista е инспириран од Њујорк. Внатрешноста е стокмена со црвена, бела и сина боја.

Каросеријата изработена од јаглеродни влакна има уникатни детаљи а целата е изведена во Иконика сина боја правејќи го појавувањето на Battista драматично од секој агол. Секако дека описот на сите ситници би одземал многу време и простор. За да јазадржи дискрецијата на клиентот и неговата интима не се понудени фотографии осем две кои ја прикажуваат подвижната скулптура со вонземски перформанси.