Picasso 660 LMS – Швајцарски суперавтомобил (фото-галерија)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Спој на две неспоиви нешта

Швајцарија има сé, освен автомобилска индустрија, но за да скрос не биде избришана од светската автомобилска мапа одвреме-навреме се појавуваат имиња како што сега е Picasso Automotive Creation. Прашањето што Пикасо има заедничко со Швајцарија ќе го прескокнеме, а мораме истото да го сториме и со автомобилите бидејќи оваа компанија нема никакви допирни точки со Citroen кој го користеше името на славниот сликар за својата линија моноволуменци. Не можеме да започнеме ниту почеток кој навистина е тешко да се одреди како и зошто настанал, туку директно ќе преминеме на крајниот резултат кој е твин-турбо V6 моделот со 660 коњски сили.

Класифициран како лесен суперавтомобил, овој уличен тркач со каросерија од јагленородни влакна ќе биде направен во серија од 21 примерок. Зошто токму толку никому не му е јасно, но на сите цената ќе им стартува од 820 илјади евра без давачки. Ниската силуета е добиена благодарение на централно поставениот мотор, а истакнатите аерокомпоненти создаваат потисна сила од 960 килограми при максималните 315 километри на час. Тие се добредојдени за перформансите кои ги обезбедува агрегатот по потекло од италијанската компанија Autotecnica Motori, чија сила се пренесува на задните тркала прек шестстепен секвенцијален менувач. Издувниот систем од титаниум ја дополнува аудио-визуелната слика на швајцарскиот суперавтомобил, чија тежина од само 980 килограми делува нестварно.

Внатрешноста на кабината е за секоја почит – мат завршната обработка од карбон со управувач со алкантара, пар спортски седишта со безбедносни појаси на шест точки, мноштво физички тастера и два дигитална ретровизора се сликата која ги дочекува погледите на љубопитните. Еден од првите кои имаа можност да го разгледаат е и принцот на Монако, кој ја имаше таа чест официјално да го претстави овој швајцарски технолошки бисер на приватен настан одржан во неговото кнежевство. Сите заинтересирани за него ќе мора да се стрпат барем уште година и нешто, додека започнат испораките.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER