Неколку дена пред лансирањето Peugeot сподели фотографии од новиот 3008
Не делат само три дена од официјалното претставување на новиот 3008, модел кој има големо значење за марката. Премиерата е закажана во фабриката во Сошо каде и ќе се произведува.
Иако техничките детали се чуваат како посластица за прикажувањето се знае дека новиот модел ќе биде потполно електричен. Носител на гамата е потполно електирчната верзија која, како што е веќе потврдено, ќе има три потполно електрични верзии и автономија со најголемата батерија до 700 километри. Според првите фотографии се забележува дека каросеријата има форма на купе-кросовер.
Надворешниот дизајн ги следи последните трендови на дизајнерскиот јазик на компанијата. Тенките фарови и тројните LED канџи ја красат предницата заедно со впечатливата маска која се претопува во предниот браник. Инаку Е-3008 е првиот модел на потполно новата STLA Medium архитектура.
Тоа остава простор да се надеваме дека ќе има простор и за неодамна прикажаниот 1.2 литрен бензинец со 48V умерен хибрид. Но да се стрпиме до вторник кога сите детаљи ќе бидат објавени од Peugeot.


