Peugeot со промотивна акција за системот за сопирање
Еден од најважните елементи за правилно и безбедно функционирање на вашиот автомобил е секако системот за сопирање
Објавено на 19 јуни 2018 година
Редовната проверка и замената на деловите кои се вклучени во системот за сопирање ќе ви помогне за уште поголемо уживање во патувањето и помирни и безбедни денови поминати со вашето возило. Заради тоа, компанијата Еуроимпекс спроведува сервисна кампања која трае до 10.07.2018 со промотивна цена и попуст од 15% на сите делови вклучени во системот за сопирање како и на работната рака. Искористете ја можноста да го проверите вашето возило пред долгите патувања во летниот период бидејќи системот на сопирање е клучен за вашата безбедност, затоа погрижете се за негово правилно функционирање. Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија.