Најавен за септември, новиот 3008 ќе го одонесе Peugeot на повисоко рамниште
Само три месеци не делат од претставувањето на новиот Peugeot 3008 и веќе почнуваат дозирано да пристигнуваат информации за него. Она што е извесно е фактот дека овој кросовер ќе има и потполно електрична верзија, а формата на каросеријата ќе биде Fastback.
Тоа значи дека задниот дел ќе има динамични контури кои отстапуваат од класичниот пристап во оваа класа. Радува уште една информација која укажува на високо технолошко ниво на новитетот во најава. Тоа е неговата иновативност која се надградува со новиот панорамски i-Cockpit, импресивно остварување кое ќе ја краси внатрешноста на новиот кросовер, но и идните генерации на моделите кои ги подготвува „лавот од елисејските полиња“.
Од првите споделени фотографии се гледа дека заоблениот панорамски екран од 21 инч (52,5 сантиметри) со висока резолуција како да лебди пред возачот и ориентиран е кон него, но неговата големина овозможува да го користи и сопатникот. На неговата лева страна се испишуват сите информации поврзани со возењето, додека на десната страна на панорамскиот екран, се распоредени контролите на системите за климатизација, навигација, медиуми и поврзувањето со останати уреди.
Во централниот дел наоѓаат i-Toggles, целосно приспособливи копчиња осетливи на допир кои можат да се програмираат за да обезбедат брз пристап до 10 од омилените функции на корисникот. Чувството за високо технолошко опкружување не завршува тука. Компактниот управувач отсекогаш бил основен елемент на PEUGEOT i-Cockpit.
Сега е детално преработен за да понуди уште поголеми емоции и удобност при возење. Доби помодерен дизајн и функции осетливи на допир, но нив можете да ги активирате само доколку ги притиснете дефинираните полиња. Неговата поставеност и облик го подржуваат левитирачкиот ефект на панорамскиот екран.
Целиот впечаток го заокружува централната конзола која, исто така, како да лебди во просторот, а нејзината функционалност е потенцирана со зголемувањето на просторот за складирање и безжично полнење на паметни телефони. Ова е овозможено со преместување на автоматската контрола на менувачот на контролната табла, десно од управувачот.
Овие остварувања укажуваат дека новиот Peugeot 3008 со себе ја носи метаморфозата, не само на моделот, туку и на марката.


