Peugeot Landtrek » Само за третиот свет

Само за третиот свет

Peugeot со својот пикап ќе ја подобрува товарната мобилност на третиот свет

Објавено на 22 февруари 2020 година

Peugeot ги објави првите детали за својот пикап кој ќе носи назив Landtrek. Иако не се така популарни во Европа, за ваквите возилата сепак постои интерес. Но оние на кои им се допаѓа овој модел на Peugeot ќе останат разочарани бидејќи е наменет само за пазарите во Јужна Америка и Африка. Тоа е донекаде и логичен потег бидејќи таму наголемо сé уште се возат прастари примероци од 504 во пикап верзија. За разлика од него, Landtrek може да биде и релативно модерен пикап со современи технологии. Она со што сепак ќе ги привлекува купувачите е носивоста од 1,2 тони и просторот за багаж кој може да собере три евро-палети. Иако Peugeot тоа не го објави, се знае дека е базиран на модел на неговиот кинески партнер Changan, развиен заеднички. Робусноста му е нагласена со грубите пневматици, а издржливоста со посебната заштита на подвозјето. Верзиите за работа ќе имаат груби пластични браници, а оние за слободно време хромиран рол-бар над кабината. Таа може да биде единечна или двојна со шест седишта, а постои верзија и само како шасија погодна за разни надградби.

Погледот во внатрешноста открива изненадувачка количина модерни елементи. Пред возачот се наоѓа управувач со два крака инспириран од 3008, а на централната конзола 10-инчен екран чувствителен на допир сличен на овој во 508. Инфо-забавниот систем има хард диск од 10 гигабајти, два USB порта и подржува Apple Car Play, Android Auto и блутут конекции, а клима уредот е двозонски. За безбедноста ќе се грижат камерата од 360 степени, предупредувањето за напуштање на лентата на движење и слични електронски асистенти кои ги познаваме од автомобилите. Меѓу нив се Hill Assist системот кој го контролира возилото на стрмни падини и Trailer Swing за стабилизација на приколка која максимално може да биде тешка три ипол тони. За погон се задолжени два мотора. Дизелот е 1,9 литарски Еуро 4 со 150 коњски сили и шестстепен мануелен менувач. Во земјите каде бензинот се преферира Peugeot Landtrek ќе биде на располагање со 2,4 литарски Еуро 5 мотор со 210 коњи, кој опционално може да биде спарен со автоматски менувач. Погонот стандардно е назад, а постојат варијанти и со погон на сите тркала и редуктор.

Peugeot не објави каде ќе го произведува Landtrek.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER