На постоечките три нивоа на опременост, Peugeot додава уште два за сладокусците
Peugeot не е премиум марка, но со воведувањето на нови пакети, покажува дека може рамноправно да се носи со нив. Тоа и не треба да зачудува бидејќи „лавот од елисејските полиња“ секогаш бил инветивен и несебичен. Од септември во спецификациите на нарачките воведени се пакетите Business и GT Exclusive.
Конципирани, едниот да овозможи удобност и задоволство при возењето, а вториот да го испорача најдоброто од дизајнот, префинетоста и технологијата на Peugeot. Наменет за сите модели на флотата, Business пакетот стандардно доаѓа со камера за возење наназад, електрично склопливи ретровизори и инфозабавен систем Peugeot i-Connect® Advanced.
Овој систем овозможува безжично пресликување (Apple CarPlay/Android Auto), навигација TomTom со високи перформанси и контрола за препознавање на гласот OK Peugeot, овозможувајќи им на корисниците да ги контролираат функциите за инфозабавниот систем без раце. За поголемите 408, 3008 и 5008, дополнително се опремени со системот Peugeot i-Connect® Advanced, i-toggles на допир кои им овозможуваат на корисниците да креираат кратенки за поставките за контрола на клима уредот, телефонските контакти, радиостаниците и друго, како и безжичен полнач за паметни телефони.
Моделите 3008 и 5008 се опремени и со панорамски i-Cockpit® со голем 21-инчен HD дисплеј. Ова ниво на опременост е достапно е за сите погонски единици. Покрај горенаведените карактеристики, за уште поголема едноставност на користење, plug-in hybrid верзиите на 308, 408, 3008 и 5008 се опремени со вграден полнач од 7,4 kW.
За оние што ова нема да биде доволно наменето е GT Exclusive ниво на опременост кое се одликува со својот особено префинет стил и исклучително богата опрема, обезбедувајќи максимална удобност за сите патници. За сладокусците понудени се седишта пресвлечени со Alcantara, електрично прилагодливи предни седишта со функција за греење и со масажа кај 308, 408, 3008 и 5008, безжичен полнач за паметни телефони и најнапредниот поврзан инфозабавен систем на Peugeot.


