Peugeot – i-Cockpit интегрира вештачка интелигенција

Peugeot во својата најновата генерација на модели ја воведува генеративната вештачка интелигенција ChatGPT.

Chat Generative Pre-trained Transformer е најсовремена технологија развиена од OpenAI. Оваа технологија поседува енормна количина на податоци, со цел да обезбеди софистицирани, точни и концизни одговори на своите корисници.

ChatGPT е интегриран во екранот на допир на i-Cockpit, а податоците се добиваат преку вградениот гласовен асистент на многу едноставен и природен начин. За да се активра ChatGPT треба само да се каже „OK Peugeot “ и да се соопшти барањето. Корисниците можат да прашаат за знаменитости на рутата или во градот каде се наоѓаат, дури да играат квиз со Chat-GPT. ChatGPT може да одговори на широк спектар на прашања, од едноставни до сложени и може да се вклучи во разговор.

На пример, ако пристигнете во град, можете да побарате од него да покаже кои културно-историски споменици или музеи да ги посетите, да Ви ја каже историјата за овие места, а потоа доколку сакате, системот за навигација на автомобилот да Ве води до избраната знаменитост. ChatGPT може да направи многу повеќе отколку само да одговара на прашања.

Дали на Вашите деца им е здодевно за време на долго патување? Побарајте од ChatGPT да организира квиз на тема која им е забавна и ги интересира… За неколку секунди вештачката интелигенција ќе овозможи повеќечасовна забава. ChatGPT во i-Cockpit се воведува кај сите модели од најновата генерација опремени со поврзана навигација.

Во нив спаѓаат вкупно 13 модели, од 208, преку 308, 408, 508 па се до електричните комбиња и наскоро новиот E-5008. Сопствениците можат да го активираат ChatGPT преку Peugeot Service Store. Воведувањето на генеративната вештачка интелигенција во возилата на Peugeot е во пилот фаза која овозможува системот да се активира и бесплатно да се користи во период од 6 месеци и наменет е за Франција, Германија, Шпанија, Италија и Велика Британија на нивните јазици.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER