Peugeot во партнерство со добротворната организација Born Free со седиште во Велика Британија, ја лансираше „Powered by Lions“, новата дигитална кампања, на Саемот за автомобили во Париз.
Кампањата е креирана за да го потсети светот дека популацијата на лавови е во опасност и треба да се превземе акција за да ја зачуваме. Сите средства собрани за време на оваа кампања ќе бидат донирани во организацијата за Born Free, а лавот од Елисејските полиња дополнително ќе инвестира во солидарна рекламна кампања за поддршка на Born Free, во висина од 60% од собраните средства.
Born Free овозможува ангажирање, едукација и зајакнување на локалните заедници со цел да коегзистираат со дивите животни во Кенија и други земји ширум светот. Peugeot исто така, ќе обезбеди Landtrek пикап возила кои ќе се користат на терен секојдневно. Целта на Peugeot со кампањата Powered by Lions беше да го привлече вниманието на јавноста и да ги охрабри луѓето да донираат за Born Free.
Како бренд што работи на лавовски погон, Peugeot на улиците на Париз инсталира полначи за електрични возила во облик на лав.