PEUGEOT eTraveller – Патување со стил

Вести

Патување со стил

Веќе сме навикнати од Pеugeot да гледаме стилски решенија збогатени со висока технологија

09.07.2020

Возилата за превоз на патници не се ништо ново за Pеugeot кој може да се пофали со повеќе децениска традиција. Заложбите за електрификација на што поголем дел од гамата се прошируваат на изведбата e-Traveller која според WLTP има автономија од 330 километри и на брз полнач ќе може да ги наполни батериите до 80% за околу 40 минути.

Штурите технички спецификации не открија колкав капацитет имаат батериите ниту пак силината на електро-моторот но на сите ѕвона се бие дека овој луксузен транспортер е погоден за луксузен превоз на важни личности.

Во склад со намената  седиштата се пресвлечени со кожа и можат да се комбинираат според потребите на патниците. Во голема мерка е олеснета работата на возачот со електричен прекинувач во улога на менувачка палка, три модуси на возење, електрична паркинг сопирачка, зголемена регенерација на силата на сопирањето, екран осетлив на допир. Вака стокмениот e-Traveller го намалува стресот на возачот овозможувајќи му да ја работи својата работа растеретено, на патниците да ужуиваат во возењето а на природата до остане сочувана.