Peugeot – електрификација

Вести насловна

Блиску до целта

Со доаѓањето на новиот 308, 70% од гамата на Peugeot е електрифицирана!

објавено 13. јули 2021

Електрификацијата e главен дел од стратегијата на Peugeot. Новиот 308 ќе има два плаг-ин хибриди за двете каросериски изведби кои ќе ја зголемат стапката на електрификација на гамата на Peugeot на 70%. До 2023 година, 85% од моделите на брендот ќе бидат електрифицирани, а 100% до 2025 година во Европа.

Електрификацијата на гамата Peugeot ја започна пред три години со лансирање на e-208 и, оттогаш, 100% електричните модели (e-208, e-2008, Traveller и Expert) и хибридите (3008 и 508) оставија свој белег на пазарот. Во првите пет месеци од 2021 година, Peugeot е втор најпродаван бренд во Европа според вкупната продажба и го зазема третото место по продажба за електрифицирани возила.

„Електрификацијата е во коренот на нашата стратегија „Моќта на избор“, која им дава на нашите клиенти можност за избор на мотор, без разлика дали е конвенционален или електрифициран, она што најдобро одговара на нивните потреби. Одличните продажни резултати на нашите електрифицирани модели покажуваат дека во Европа, ова стратегијата носи плод.

 

На меѓународно ниво, дури и на пазарите каде се појавува електрификација, ќе го искористиме нашето портфолио на електрифицирани модели за да се истакнеме како инвентивен, премиум генералистички Бренд. Каде и да сме, сакаме да бидеме вистински двигатели на напредокот“, вели Линда Џексон, извршен директор на Peugeot.

Новиот Peugeot 308 Hybrid испорачува 225 КС комбинирајќи мотор PureTech со 180 КС и електричен мотор 81 kW кои заедно со 8-брзинскиот менувач e-EAT8 бележат од 26 грама C0₂ на км и до 59 км од 100% електричен опсег според протоколот WLTP. Исто така, верзијата HYBRID 180 се напојува со мотор PureTech од 150кс  заедно со истиот електричен мотор од 81kW и осум брзинскиот автоматски менувач овозможува до 60km електричен опсег според протоколот WLTP. За PEUGEOT, електричната понуда вклучува и патнички и комерцијални возила. Брендот нуди 100% електрична верзија на секој од моделите во својата гама на комерцијални возила, што им овозможува на професионалците еколошки да пристапат во големите градови.