Peugeot E-Rifter – Разубавен, практичен и електричен

Новата верзија на Rifter доаѓа со освежен дизајн и автономија од 320 километри.

Францускиот производител на автомобили има за цел да биде водечка марка на електричниот пазар во Европа до 2025 година. Со додавањето на многунаменскиот Rifter електричната понуда на Peugeot стана најширока меѓу европските производители. Таа сега брои девет електрични автомобили и три лесни комерцијални возила.

Peugeot E-Rifter доби подинамичен преден дел со нова маска на која гордо е истакнат новиот амблем на марката. Стилот го надополнуваат новите бои Sirkka Green и Kiama Blue. Тие помагаат да се нагласи великодушната форма, која е особено погодна за надворешна употреба со широките лакови на тркалата, големите странични панели, покривните носачи и големото растојание од подлогата.

Во внатрешноста, возилото има комплетно нова контролна табла со подобрена ергономија. Потписот на брендот i-Cockpit се одликува со нов десетинчен HD екран на допир сместен во горниот дел на централниот гребен. Е- Rifter покрај  секојдневните потреби на семејство со деца и домашни миленици е погоден за патувања и спортски активности, проследени со забавни содржини во кабината како видео игри и музика.

Достапен е во две варијанти на опрема, со пет и седум седишта и во две должини. Стандардната е 4,4 метри, додека долгата се растегнува за 30 сантиметри повеќе. Кај втората е продолжено меѓуоскиното растојание и на тој начин нуди уште повеќе простор. Вториот ред има поединечни седишта и секое може да се преклопи. Во комбинација со лизгачките врати се добива високо ниво на практичност. Седиштата се покриени со светла ткаенина, која дава топла атмосфера и одлично се усогласува со новите материјали во внатрешноста.

Застаклените површини  засилени се со мултифункционален стаклен покрив Zenith, a бројниte прегради за складирање, ја прави внатрешноста уште пофункционална. За движење задолжен е познатиот тандем на батерија од 50kWh и електро мотор моќен 100kW со 270Nm вртежен момент. Во конципирањето на погонот во прв план беше практичноста, потребите на корисниците и автономијата. Затоа максималната брзина е ограничена на 135 км/ч, спринтот до стотка е пристојни 11,2 секунди а може да се поминат 320 километри според WLTP.

За да се оптимизира автономијата новиот E-RIFTER има регенеративен систем на сопирање кој може да оперира во три нивоа преку прекинувачите лоцирани зад воланот. На полнач со јачина од 100kW доволни се 30 минути батеријата да покаже 80% наполнетост. Во средини каде повеќето полначи се силни 11 kW, како што е Македонија, потполно полнење на капацитетот на батеријата ќе одзем пет часа.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER