На он-лајн настан наречен E-Lion Day, Peugeot прецизно и конкретно го најави распоредот за патувањето кон својата електрична иднина. Во него се споменуваат три преломни моменти. Првиот е годинава, кога секој модел во гамата ќе биде електрифициран, а вториот следи во 2025-та кога Peugeot секој модел ќе има своја електрична верзија. Третиот и финалниот е до крајот на деценијава од кога сите возила на марката што ќе се продаваат во Европа ќе бидат исклучиво електрични.


