Peugeot – Е-фикасност

Зголемена автономија

Новата 2022 година Peugeot ја започнува со продолжен дострел

Електричните верзии на Peugeot 208 и 2008 ќе понудат до 25 km и 8% повеќе опсег според циклусот WLTP, а уште повеќе во возењето во реалните услови на патот. Забележителен е пласманот на повеќе од 90.000 произведени возила, со што двата модели ја нагласуваат електрификацијата на Peugeot. Поставени на eCMP (Заедничка модуларна платформа) на која го делат технолошлиот концепт, тие се опремени со батерија од 50 kWh, електричен мотор од 136 КС и вртежен момент од 260 Nm.

Со оптимизација на пневматиците обезбедена е поголема ефикасност благодарение на помалиот отпор на триење. Дополнително, има механички развој со нов однос на преносите на менувачот, кој го оптимизира опсегот при возење на пат и автопат. Исто така, новата топлинска пумпа заедно со сензорот за влажност инсталиран на горниот дел од ветробранското стакло ја оптимизира енергетската ефикасност на греењето и клима уредот. Информациите што ги соопштува овој сензор овозможуваат попрецизно да се контролира кружењето на воздухот во патничката кабина и на крајот да се заштеди количината на енергија содржана во батеријата при загревање и одржување на температурата во возилото што е забележливо при ниски надворешни температури. Новите дотерувања резултираа со зголемен опсег и поголема употребна вредност во реални услови на експлатација, особено во градскиот сообраќај на температури околу 0°C.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER