Peugeot E-3008 & E-5008 Long Range

Од Париз до Ница со две кафе паузи

По официјалното претставување на Парискиот мотор шоу, Peugeot со своите модели со продолжена автономија најавува патувањето од Париз до Ница, долго 930 километри, да го совлада со две куси застанувања за ревитализација на батериите. Двата модели се опремени со батерија од 96,9 kWh, која, во комбинација со електричниот мотор од 170 kW, треба да овозможи автономија според WLTP до 698.

Ова значи дека Е-3008 сега треба да може да ги помине приближно 930 километри меѓу главниот град на Франција и Ница со само две кратки застанувања. Со овој факт, Лавот од Елисејските полиња, ги оправдува продажните цени. E-3008 Allure чини во ЕУ од 52.750 евра и E-5008 Allure од 55.250 евра. Двете електрични возила може да се полнат и на станици за брзо полнење со моќност до 160 kW. По 27 минути, батеријата се полни од 20 проценти до 80 проценти или за домет од 150 километри за десет минути.

Сите целосно електрични модели на Peugeot се заштитени со гарантната програма Allure Care, која ги покрива електричниот мотор, полначот, погонската група и електричните и механичките компоненти до осум години или до 160.000 километри. Peugeot планира наскоро да ја прошири својата понуда со трет електричен погон за овие две возила. Верзијата со двоен електричен мотор и 320 КС со погон на сите тркала е наменета да понуди високи перформанси.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER