Peugeot – Design Lab studio São Paulo

Вести насловна

Земја, воздух, вода и огин!

Peugeot очекува да доминира во индустријскиот дизајн

објавено 12. јануари 2021

После Шангај и Сан Франциско, Peugeot Design Lab отвора трето сателитско студио во Сао Пауло, Бразил. Искористувајќи се од своето знаење, изградено над 210 години индустриско наследство и 131 години автомибилски дизајн, во 2012 година Peugeot го лансираше сопственото дизајнерско студио Peugeot Design Lab, кое им служи на клиенти надвор од автомобилскиот сектор. Техничките и човечките ресурси му овозможуваат единствена способност во оваа област.

„Целата имагинација и креативност на дизајнерите, во комбинација со крајната прецизност што ја бара развојот на автомобили, ќе се примени за развој на производи и услуги за надворешните клиенти на Peugeot Design Lab низ целиот свет“, рече Матијас Хосан, Директор за дизајн на Peugeot. Како глобален производител на автомобили, Peugeot има професионалци во своите дизајнерски тимови кои знаат дека совршенството на новите производи не е само во нивната функционалност. Дизајн на глобален бренд е темелот на Peugeot Design Lab. Големи очекувања од дизајнерските услуги има Жан-Филип Импарато, директор на брендот Рeugeot истакнувајчи дека главна мисија како бренд е да ги предвидат желбите и потребите на клиентите во однос на квалитетот, безбедноста и содржината и да го насочиме сето ова во изненадувачки, иновативен и атрактивен проект “. Peugeot Design Lab ќе биде активна во полиња разновидни како што се градење на слика на бренд, создавање, развој, индустријализација и комуникација. Сите овие задолженија паѓаат на товар на Арно Гурнак директор на дизајн лабораторијата кој наследува соработки со престижни клиенти, вклучително и Пјаел пијана, Ербас Авијација и луксузните јахнти Бенето.

ПЛАЈЕЛ ПИЈАНО Фабриката за пијано Плејел и Peugeot Design Lab работеа заедно за да откријат пијано што повторно ги измислува кодовите на светот на музиката. Механизмот на пијаното се спушта за да се усогласи капакот со клавијатурата. Пијаното ќе го задржи својот црн лак како еден од класичните кодови на универзумот за пијано кое го олицетворува квалитетот и софистицираноста на аутомобилскиот свет.

ЕРБАС ХЕЛИКОПТЕР Елегантните и динамични линии на хеликоптерот H160 го прегледуваат визуелниот идентитет на хеликоптерите од флотата на Ербас Течноста на линијата ја рефлектира ефикасноста и тивкото работење на леталото, овозможено со повеќе новини на апликација на композитни материјали, софистицирана електроника и подобрена механика.

БЕНЕТО Концепт за управување по море во кого Peugeot Design Lab соработуваше со Бенето, светскиот лидер во изработка на јахти во изработката на кокпитот на јахтата. Двата бренда ги вкрстија знаењата. Peugeot направи функционален демонстратор комбинирајќи го интуитивното и природно ракување со најновата генерација на i-Cockpit со конективната технологија Ship Control развиена од Бенето. Така е роден концептот Sea Drive кој е плод на соработката помеѓу две иновативни програми, мост меѓу два света. Исто како кај најновите продукции на Лавот, нејзината големина обезбедува маневрирање и лесна употреба. Има голем 17-инчен екран на допир каде се прикажува интерфејсот Ship Control и обезбедува непосреден пристап до електронските карактеристики на бродот.

Ова е само почеток на услугите кои ќе ги дава Peugeot Design Lab. Осигурани се сите предуслови оваа приказна да стане реалност во многу сегменти на идустрискиот и апликативниот дизајн.