Peugeot 9X8 Hybrid Hypercar – Повеќе од тркачки автомобил

Дизајнерска и техничка револуција

Пред дебито на тркачките патеки, 9Х8  беше предмет на необична фото сесија

Поставувањето на Peugeot 9X8 во бруталистичка архитектура за да го покаже својот револуционерен дизајн е проследено низ објективот на модната фотографка Агњешка Дорошевич. Предизвикувачкиот дизајн на болидот и атмосферата создадена низ играта на форми и светло резултира со фотографии кои се метафора за престојниот предизвик на  „24 часа Ле Ман“, легендарна трка во која светлината се менува како одминуваат часовите. Да не заборавиме дека на овој тест на издржливост за возачите и болидите.

DCC086

„Лавот од елисејските полиња“ досега три пати триумфираше! Директорот за дизајн на Peugeot, Матијас Хосан, изјави дека дизајнирањето на тркачки автомобил е сон на секој автомобилски дизајнер, особено кога се работи за тесна соработка со инженерите на Peugeot Sport. За хибридниот хипер автомобил е направен атрактивен и страствен изглед кој е во потполна функција на перформансите. Иако е тркачки болид, кабината се заснова на карактеристичниот концепт на марката i-Cockpit кој е дизајниран да обезбеди највисоко ниво на ергономија и интуитивност за возачите. Може многу да се зборува на темата која ја отвора Peugeot 9X8 Hybrid Hypercar, но водени од страта вистина една фотографија илјада зборови, ви ја приложуваме фото галеријата сами да го склопите својот мозаик…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER