Густаво Менезес го смени воланот со падобран
Во Бахраин последниот викенд на годинешниот Светскиот шампионат во издржливост на FIA помина запомнет по необичниот потег на Peugeot. За да го претстави новиот слоган Allure Born to Race (Извонредност создадена за трка) создаде возбудлив видео запис.
Главен протагонист е возачот на тимот Peugeot TotalEnergies Густаво Менезес кој скокна од хеликоптер над меѓународната патека во Бахраин каде се спушти со падобран до својот болид Peugeot 9X8. Снимањето му овозможи на Менезес да се препушти на неговите две главни страсти, мотоспортот и скокањето со падобран.
Иако помалку збунети од идеата, маркетинг одделението на Peugeot го прифати предизвикот и го ангажира едниот од најдобрите сниматели за воздбудливи „воздухопловни“ сцени, Џок Сомер. Менезес е маѓепсан од падобранството, особено од брзините што се постигнуваат за време на слободен пад и нив ги спореди со перформансите на својот болид.
Изјави дека го сака зуењето што го дава скокањето со падобран кое е слично на чувството што го добивал кога тргнувал на квалификациски круг во 9X8. Вели дека адреналинот интензивно се лачи во двата случаи но главната разлика е во тоа што кога е во болидот тој е на работа, додека кога скока со падобран тој ужива.


