Peugeot 508 веќе е достапен во Македонија
Откако есенва пред другите ја имаше својата премиера кај нас, новиот Peugeot 508 сега е достапен и на македонските возачи
Објавено на 2 февруари 2019 година
Со оглед на својата маркантна појава, фактот што претставува модел кој ја менува насоката во која ќе се движи иднината на марката, како и генералниот интерес на нашите возачи за Peugeot, новиот 508 сигурно ќе предизвика големо внимание кај потенцијалните купувачи. А тие веќе можат одблиску да се запознаат со радикалниот спортски изглед на овој најнов модел во гамата на брендот, бидејќи тој веќе е пристигнат во салоните на Еуроимпекс. Почнувајќи од надворешниот дизајн, новиот 508 отвора нова ера на спортска елеганција. Со ниската каросерија, прецизно извлечените линии, мускулеста компактна фигура и силно истакнатиот индивидуален стил, тој поседува спортски и иновативен дух. Посветено е внимание на секој детаљ, заедно со силуетата и линиите на возилото кои се изработени до перфекција.
Новиот 508 може да се добие со бензински мотори со 180 или 225 коњски сили и дизелски со 130, 160 или 180 KS. Тие заедно со повеќето атрактивни пакети опременост можат да се комбинираат со 6-степен мануелен и 8-степен автоматски менувач. Секако, Peugeot 508 е достапен за тест возење, при што сите што ќе седнат зад неговиот управувач ќе можат да ја преземат контролата на i-Cockpit опкружувањето и да ја доживеат најновата интерпретација на агилната и визионерска инструмент табла со компактен управувач, дигитален head-up дисплеј и 10-инчен HD екран на допир, да уживаат во удобните седишта со функција за масажа и Hi-Fi Focal системот кој дава јасен и пријатен звук и со тоа се зголемува уживањето при возење и да се уверат зошто новиот 508 ја освои наградата Grand Prix за најубав автомобил за 2018 година. Од 34-тиот меѓународен фестивал за автомобили со награда за најубав концепт се врати и Peugeot e-Legend, што е доказ за атрактивноста на дизајнот на сегашната и идна генерација нови модели на автомобили со лавче во логото.