Peugeot 504 :: Далечниот предок на современиот 508

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Далечниот предок на современиот 508

Предокот на 508 сé уште се среќава по патиштата, но дали на нив ќе се најде и предизвикувачкиот e-Legend концепт инспириран токму од него?
Објавено на 14 ноември 2018 година

Со e-Legend концептот Peugeot предизвика лавина од сеќавања. Тој потсети на богатото минато на марката, кое рака на срце започна да се заборава. Него го градеа бројни модели меѓу кои и 504, чија купе верзија беше дизајнерска инспирација за маркантниот концепт. Овој модел дизајниран од Пининфарина и препознатлив по грбавиот багажник беше претставен во 1968 година. Ја освои титулата „Автомобил на годината” во Европа, но најпознат беше во Африка. Со својата робусна конструкција тој буквално го освои Црниот континент. Беше еден од ретките автомобили што ги совладуваше тамошните беспаќа рамноправно со најгрубите теренци. Колку беше популарен сведочи фактот што се произведуваше во пет различни африкански држави, и тоа сé до 2006-тата година. Се произведуваше и во Јужна Америка, Азија и Австралија и од него беа направени скоро четири милиони примероци. Голем дел од нив беа опремени со издржливи дизел мотори, меѓу кои основниот имаше 1,9 литри и едвај 50 коњски сили. Ниту бензинците не беа многу посилни – најмоќниот беше со два литри работна зафатнина и 106 коњи. Рачката од менувачот се наоѓаше на столбот на управувачот, а погонот беше на задните тркала. Интересно е и тоа дека една од неколкуте победи што Peugeot 504 ги постигна во светскиот рели шампионат ја освои познатиот Хану Микола, со Жан Тод како совозач.

Што се однесува до концептот e-Legend како неговата модерна интерпретација, Peugeot се изјасни дека нема намера да го произведува. Французите на бројните критики за оваа одлука одговорија дека за да влезе во сериско производство треба да има барем 500.000 заинтересирани купувачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER