Peugeot 404 :: Враќање во историјата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Враќање во историјата

Македонскиот клуб Пежо 404 организираше на настан со кој се одбележа денот на овој легендарен автомобил

Објавено на 5 април 2019 година

Во чест на денот на Пежо 404, годинава по втор пат се одржа дефиле на овие возила кои сведочат и за нивото на култура и статусот на нашата земја во минатото. Тоа започна пред салонот на Peugeot, а потоа се упати кон француска амбасада каде беше одржан и приемот на медиумите и гостите. Еуроимпекс како генерален увозник на марката повторно го поддржа овој настан со свој учесник како дел од возното дефиле, поздравувајќи ги сопствениците на овие возила за нивната искрена љубов и посветеност. Тие пак гордо истакнуваат дека сè уште ги возат своите автомобили и покрај тоа што се  стари педесетина години. За ентузијазмот и напорите за нивно одржување во технички исправна состојба тие редовно добиваат признанија од дома и од странство.

Овој настан е секако во рамките на активностите организирани низ целиот свет посветени на зачувување на културното и технолошкото наследство. Изложбата на олдтајмерите произведени од 1968 до 1973 година беше пред француската амбасада, која исто така го поддржа. „Овие автомобили се историјата на Франција и важат за едни од најиздржливите во светот. Бројот на туристи во Македонија се зголемува во летните месеци. Важно е да им се покаже дека и тука се почитуваат принципите на внимателност”, изјави амбасадорот на Република Франција, г-дин Кристијан Тимоние.

Неколку интересни податоци за Peugeot 404:

  • дизајниран е од Пининфарина
  • првото возило е произведено во 1960 година во Франција, а последното во 1991-вата во Кенија
  • се произведуваше во шеснаесет земји на пет континенти
  • во Франција се произведени 1,85, а во светот приближно 2,9 милиони примероци
  • имаше 5 каросериски изведби – лимузина, караван, купе, кабриолет и пикап

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER