Peugeot 308 – Red Dot Award 2022

Признание и од специјалистите за дизајн

Уште една потврда за изгледот на Peugeot 308

Признанието Red Dot е најважното во светот на индустрискиот и продукт дизајн во светот. Формирано во 1995 година, денеска преставува најпрестижно признание и секој производител на било каков производ го посакува. Поради големото поле на производи има повеќе категории. Во конкуренција на „Автомобили и мотоцикли“ новиот 308 е лауреат и го освои признанието за тековнава година! Жирито на “Red Dot Awards”, нив 50 на број, беа освоени од неговиот уникатен стил, високото ниво на квалитет, како и иновативниот i-Cockpit.

Секоја година, овие дизајнерски експерти доделуваат таканаречен “Design Excellence” селектирајќи ги продуктите во 51 категорија. Peugeot 308 е седмиот модел на „лавот од Елисејските полиња“ што го понесе ова престижно признание. Првиот модел што го носи новиот амблем на компанијата најавува дека и идните поколенија што доаѓаат со заштитниот знак на Peugeot ќе ги понесат и развиваат гените на француската реномирана марка. Исто како што и 308 ја надградува еволуцијата на моделите од куќата кои претходно беа означени со „црвената точка“. Тоа се RCZ coupe во 2010, првата генерација на 308 SW во 2014, Traveller во 2016, 3008 во 2017та година и 208-2008 во 2020 година. Red Dot Design Award е 11-та интернационална награда добиена од страна на новиот 308, од неговото лансирање пред неполни 5 месеци.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER