Најпроизведуваното возило во Франција во 2018 година е…
Покрај 63-те светски награди со кои се здоби 3008, од Peugeot пристигна уште една спектакуларната вест – тој е најпроизведувано возило во Франција во 2018-та година
Објавено на 24 јануари 2019 година
Автор: Валентин Станеску
Peugeot 3008 кој излегува од погоните на PSA во Сошо, е прогласен за најпроизведуван автомобил во 2018 година во Франција. Овој SUV што ја носи ознаката „Origine France Garantie“ уште од самото лансирање во октомври 2016 година, лани беше направен во 258.460 примероци, што е за безмалку точно 10 илјади повеќе од Toyota Yaris. Тоа значи дека секој работен ден околу илјада возила од овој светски популарен модел ја напуштаат фабриката која досега има произведено над 23 милиони автомобили. Peugeot 3008 кој беше развиен токму тука е голем успех за марката. Тој е трето најпродавано возило во Франција во 2018 година и воедно придонесува за премиум статусот на Peugeot во SUV категоријата во Европа, заедно со 2008 и 5008. Peugeot 3008 исто така е лидер во Ц- сегментот во оваа категорија и е рангиран на второ место меѓу сите регистрирани патнички автомобили. Досега има освоено 63 светски награди, меѓу кои и престижната титула „Автомобил на годината“ за 2017-та, која му ја доделија 58 европски новинари од 22 земји.