Peugeot – 210 години

Занимливости

Легендата од поновото време ќе го пробие мразот!

Вистинска активност за дождливите викенди

објавено 16 октомври 2020

По повод 210-годишнината на PEUGEOT, здружението Aventure PEUGEOT подготви нова активност: реставрација и продажба на “vintage“ возила. Возилата ќе бидат обновени во работилниците на Musée de l’Aventure Peugeot во Сошо и ќе добијат сертификат за автентичност на крајот од реставрацијата пред да бидат пуштени во продажба. Првиот автомобил што е избран за реставрација е исконскиот автомобил: црниот PEUGEOT 205 GTi со мотор 1.9L. Оваа реставрација ќе биде извршена во работилниците на Aventure PEUGEOT во Сошо и ќе ги потенцира талентот и знаењето на вработените специјализирани за различни занаети кои се од големо значење за квалитетна обнова: механичари, скулптори, седлари и лимари. Оваа нова активност е можна само благодарение на набавката на резервни делови. Aventure PEUGEOT работи на ова поле седум години и го трансформираше својот магацин за логистикa, зголемувајќи ги своите залихи. Здружението ќе ги повика своите традиционални подизведувачи да обезбедат делови што недостасуваат, а доколку некој дел веќе не може да се произведува, производството со помош на „3D принт“ технологијата секогаш е опција. Од 2021 година, на страната на здружението, www.laventurepeugeotcitroends.fr , ќе има место посветено на квалитетно реставрираните возила со печат „Par l’Aventure PEUGEOT“. Приватните возила исто така ќе бидат достапни на ова место откако ќе ја добијат ознаката за „квалитет“.