Chevrolet Silverado – Со нови сили, во нови победи

Обновениот Chevrolet Silverado ги задржа карактеристичните дводелни предни светла, сега значително понагласени.

Маската и браниците се разликуваат во зависност од пакетот опрема, а задните светла добија поедноставен и почист облик.

Страниците се целосно преобликувани а линиите на стаклата нови, со што се доби повпечатлива појава без загрозување на автентичноста по која Silverado е препознатлив. Во внатрешноста е направен поголем исчекор.

Новата командна табла донесува целосно дигитално опкружување кое кај полуксузните варијанти има три екрани, проекција на информациите на ветробранското стакло и виртуелен внатрешен ретровизор. Рачката на менувачот е преместена зад управувачот со што е истакната практичноста на новата флексибилна централна конзола.

Silverado како еден од најважните модели на General Motors доби и унапредена конструкција, модернизирани технологии и нова палета мотори. Понудата ја сочинуваат 2,7 литарски турбо бензинец, трилитарски дизел и два носема нови V8 агрегати од 5,7 и 6,6 литри.

Перформансите за нив не се објавени но затоа се нагласува дека фокусот при нивниот развој е ставен на ефикасноста и издржливоста, карактеристики кои во овој сегмент се клучни за купувачите. А лани нив Chevrolet ги имаше 553 илјади, плус уште 323 илјади од сестринскиот модел GMC Sierra.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER