Peugeot 208 GTi » Можеби ќе биде електричен!

Можеби ќе биде електричен!

Бренд менаџерот на Peugeot Жан Филип Импарато го најави идниот 208 GTi

Објавено на 14 март 2020 година

Откако со својот младешки изглед и модерни технологии Peugeot 208 ја освои титулата автомобил на годината во Европа, овој модел е на пат да ги освои и срцата на оние со врела крв. Тоа ќе го стори со GTi верзијата, која како и некогаш неговиот предок 205 треба да ги предизвикува емоциите. Бренд менаџерот на Peugeot Жан Филип Импарато веќе најави ваков модел, потврдувајќи дека работат на работат на она што може да биде GTi на иднината. За него тој кажа и дека ако некој автомобил од гамата на Peugeot ја има ознаката GTi, тогаш тоа ќе биде 208, дури и ако е електричен. Секако, премногу е рано да се зборува каков би бил и дали и кога би бил одобрен за производство, но бидејќи и од Opel/Vauxhall изразија заинтересираност за нова OPC/VXR изведба на Corsa чија електрична верзија веќе се натпреварува во германскиот рели шампионат, сé е можно.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER