Peugeot 208 ќе ја освојува и Африка

Peugeot 208 ќе ја освојува и Африка

Претстојниот хит на Peugeot ќе се произведува и во Мароко

Објавено на 8 август 2019 година

Со инвестиции од преку половина милијарда евра, групата PSA ја стартуваше новата фабрика во Мароко во која меѓу другите ќе се произведува и Peugeot 208. Оваа фабрика има капацитет за 200.000 возила годишно и во план е нејзините производи од средината на идната година да се извезуваат во 80 земји ширум светот. Основата ќе ја чинат моделите базирани на најновата CMP компактна архитектура, а освен 208 најзначајни ќе бидат уште и новите верзии на Peugeot 301 и Citroen C-Elysee. Во групата сметаат дека Мароко има стратешка индустриска улога во освојувањето на нови и зацврстувањето на позициите на постојните пазари во земјхите во развој, каде Peugeot има традионално добри корени. Уште сметаат дека со овие капацитети ќе се овозможи и подобар пробив и на другите марки – Citroen, DS и Opel. Новата фабрика во која ќе бидат вработени 4.500 луѓе индиректно ќе креира уште околу 20.000 работни места, што е доста значајно за економијата на Мароко.

За европските пазари, Peugeot ќе го произведува 208 во својата фабрика во Трнава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER