Peugeot – 10 години i-Cockpit

Од концепт до масовна прифатеност

Воведувањето на новите ергономски пристапи повлече лавина подобрувања и иновации

Во својата историја Peugeot секогаш имал смели идеи за автомобилите. Преку своите концепти привлекуваше огромно внимание на автомобилските смотри. На една таква, тогашната кралица на саемите, Салонот на автомобилите во Женева, во 2010-та преку концептот SR1 „лавот од елисејските полиња“ тивко најави револуција.

Елегантниот купе кабриолет, покрај извонредно атрактивната појава претстави потполно нов концепт на ергономија и поставеност на инструментите инспириран од пилотска кабина. Охрабрени од позитивните реакции на публиката, дизајнерите се фрлија на работа. Поминаа три години до реализирање на оваа замисла која се материјализира во моделот 208. Наречен i-Cockpit, новиот пристап го карактеризираше смалениот управувач, подигнатиот инструмент панел и централниот екран на допир преку кого се контролираа главните функции на автомобилот.

Од тогаш i-Cockpit се имплементира кај сите модели на Peugeot и во временска рамка од 10 години стана препознатлива карактеристика на марката. Како се развиваа конективните технологии така овој пристап беше дотеруван и модернизиран. Во 2016 година, втората генерација на Peugeot 3008 и 5008 бееш претставена верзијата со 12,3-инчен дигитален дисплеј што може целосно да се приспособи и персонализира, додека прекинувачите беа поставени под централниот екран на допир за да се олесни пристапот до основните функции. Во 2019 година, втората генерација на Peugeot 208 воведе 3D дигитална инструмент табла. Peugeot i-Cockpit отиде чекор понапред кај новите генерации на 308 и 408  со воведувањето на новиот инфозабавен систем i-Connect, нов компактен управувач со можност да детектира присуство на рацете на возачот кога кориси помагала за возење и i-toggles чувствителни на допир со кои може да се конфигурираат клима уредот, телефонските контакти, радио станиците и поставките за стартување апликации. Што е уште по прифатливо за сопствениците, тие можат сами и по сопствен терк да ги конфигурираат поставките.

Но, Peugeot и понатаму напорно работи на усовршување на i-Cockpit. На неодамна одржаниот саем за конзуменрска електроника го претстави концептот Inception преку кого ја најави еволуцијата на „пилотската кабина“ каде воланот  е замислен да биде правоаголен. Наречен Hypersquare, самиот управувач ќе биде носител на повеќе контроли и индикатори со кои лесно ќе се користат дополнителните уреди, екрани и комуникација со автомобилот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER