Почеток на електричната година
Првиот годинешен саем на европско тло Peugeot го започнува во знак на електрификацијата
Брисел ќе биде во фокусот на автомобилската јавност од 13-ти до 22-ри јануари поради првиот меѓународен саем на автомобили што се одржува во главниот град на Европа. Иако во мал формат, оваа изложба ќе го привлече вниманието на публиката поради ориентираноста на електрификацијата.
Два дена пред официјалното отворање на смотрата Peugeot информира за својот настап инспириран од целосната електрификација на палетата на „лавот од елисејските полиња“. Ѕвездата на штандот во Брисел ќе биде новиот 408, модел што неодамна ја доживеа својата светска премиера, а веќе во следните месеци ќр биде комерцијално претставен на сите пазари во Европа, вклучувајќи го и македонскиот.
Уште од самиот почеток најпопуларна е неговата верзија со приклучен хибрид која плени со својата економичност и перформанси. Него ќе го придружуваат и останатите PHEV изведби од палетата на 308, 3008 и 508. Најголема заложба на Peugeot е до 2030 година севкупната гама да биде потполно електрична чиј пат веќе го трасираат постоечките модели.
Од своето претставување е-208 се пласира на врвот на табелата помеѓу субкомпактните 100% електрични модели. Тоа место ќе го задржи благодарение на продолжениот опсег до 400 км и зголемената сила за 15%, технологија превземена од новиот е-308. Импресивниот 508 РЅЕ е предвесник на враќањето на Peugeot во светот на автомобилскиот спорт, овој пат Светскиот шампионат на долги патеки (WEC) во класата LMH (Le Mans Hypercar).
Тоа го докажа со, за таа пригода конструираниот 9X8 кој дебитираше на Светскиот шампионат на доги патеки (WEC) со охрабрувачки резултати. Во првата половина на 2023 година сите модели на Peugeot ќе бидат достапни со еден или повеќе електрифицирани мотори, особено 3008 SUV и 5008 Hybrid.


