Peugeot – На Vivatech 2024 со пет адути

На најголемата европска смотра за технологија и стартап бизниси Vivatech, Peugeot ќе се претстави со своите храбри идеи

Во својата дво вековна историја Peugeot изгради имиџ на храбар иноватор и тивок револуционер. Тоа го потврдува и во последните 12 месеци со своите визии и концепти посветени на електромобилноста, возачкото искуство во своите возила акцентирајќи го  задоволството при управување со автомобилот и престојот во кабината.

Претставен на CES во Лас Вегас, концепт автомобилот Inception ќе биде за прв пат презентиран пред француската и европската јавност.  Заложбата на Inception е комплексна и претставува темелна заложба на компанијата кон своите возила од блиската иднина. Погонот базиран на батерија од 100 kWh, два електрични мотори што испорачуваат 500 kW и, згора на тоа, автономија од 800 километри со едно полнење со стапка на потрошувачка на енергија од само 12,5 kWh/100 км се само едниот дел од прикаската.

Со концептот Inception, Peugeot сака повторно да ја воведе романтичната едноставност и елеганција во дигиталниот свет. Тоа ќе се изведе со одржливи материјали во внатрешноста, ергономијата и поедноставувањето на комплицираните дигитални менија. Првиот чекор е направен и одлично препознаен од купувачите. Пред 12 години воведен е i-Cockpit кој се вгради во преку 12 милиони возила. Сега влогот се качува на повисоко ниво.

Како допринос на електрификацијата и дигитализацијата Inception доби улога и како промотор на најновата генерација на i-Cockpit, со целосно осмислена архитектура која ќе ги замени традиционалниот управувач со Hypersquare. Составен од екран со кружни ќелии на секој од неговите четири агли, без да се отстрануваат рацете од управувачот, возачот ќе може да управува не само со смерот, туку со сите параметри на возилото.

Различните функции како контрола на клима уредот, јачината на звукот на аудио системот, разните асистенти за помош при возење, се прикажани на двата странични дела, со цел да се олесни пристапот до командата која се избира. Hypersquare управувачот и најновата генерација на i-Cockpit ќе бидат имплементирани во претстојните модели на Peugeot до 2026 година. Третиот елемент на својот развој Peugeot го полага на дигиталните услуги.

Одделот на  групацијата Stellantis  специјализиран за дата-податоци (DaaS), обезбедува пристап до податоците од далечина, од поврзаните возила на Peugeot и други брендови на групацијата. Податоците собрани од Mobilisights овозможуваат персонализирање на искуството на возачот преку иновативни услуги и апликации од партнерски еко-систем од трето лице, со цел да се подобри секојдневниот живот на возачите, секогаш и само со нивна согласност.

Податоците на Mobilisights може да се користат за развивање интуитивни апликации за сопствениците на електрични возила кои го поедноставуваат полнењето, овозможуваат прецизно следење на трошоците на возилото, а истовремено го подобруваат корисничкото искуство. Исто така, Peugeot ќе го претстави својот партнер “scale-up Vay“ со кого се истражуваат потенцијалните апликации за „далечинско возење“ и се однесува на управување од далечина и функционирањето на возилото.

Оваа технологија овозможува ефикасно управување со повеќе возила со само еден возач лоциран во далечина, користејќи мобилно поврзување со сензори и камери интегрирани во возилата. Оваа технологија овозможува зголемена ефикасност на операциите за испорака, на услугите за споделување автомобили и изнајмување автомобили и им овозможува на сопствениците на приватни автомобили од далечина да го преместат своето возило во време и на локација која е потребна. Колку и да е мистична, иднината делува атрактивна.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER