Peugeot – Три светски премиери на саемот за автомобили во Париз

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Гордо појавување пред домашната публика

На претстојниот саем на автомобили во Париз (17-23.10.2022), омилениот автомобилски бренд на Французите ќе настапи со три светски премиери. На штанд од 900 m2 под слоганот на брендот „Со Allure сè е поубаво“, трите светски премиери ќе ја демонстрираат забрзаната електрификација и инвентивноста. Иновативниот Peugeot 408 ќе биде прикажан на неконвенционален начин, достапен за гледање од сите агли во голема проѕирна „Сфера“, несекојдневна конструкција висока над 6 метри, проѕирна и ротирачка, што им овозможува на посетителите да ги видат многуте аспекти на неговиот неочекуван дизајн од сите агли.

Peugeot e-208 ќе ја прикаже својата суперефикасна 100% електрична погонска единица, со зголемена моќност од 15% и 10,5% во автономијата. Како покажување на својата посветеност да ги електрифицира сите свои решенија за мобилност, Peugeot ќе го открие 100% електричниот скутер e-Streetzone кој може да помине до 112 km со едно полнење.

Перформансите и авто-спортот секогаш биле меѓу приоритетите на „лавот од елисејските полиња“, па на штандот ќе биде изложен хибридниот хиперавтомобил Peugeot 9X8 кој ќе има деби на саем за автомобили, и Peugeot 508 PSE, со 360 КС хибридна моќност и дизајниран од истиот тим од дизајнери и инженери. Новите „зелени технологии“ како што се водородни горивни ќелии се дел од портфолиото на Peugeot.

На посебен простор ќе биде изложен ќе биде достапен за тест возење околу саемот е-Expert Hydrogen. По четири години пауза Mondial de l`Automibiles ќе ги отвори вратите во понеделник 17. Октомври. Форматот на саемот не е ниту приближен од славните денови, а бројот на изложувачите е десеткуван. Сепак, ние ќе бидеме таму и од прва рака ќе ве информираме за сите новости од штандот на Peugeot и останатите изложувачи.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER