Peugeot се мобилизира за вас

Занимливости Македонија

Peugeot се мобилизира за вас

Еуроимпекс како генерален увозник на Peugeot за Македонија и околните земји, се мобилизираше за своите клиенти

Објавено на 13 мај 2020 година

Со намалување на цената за 15%, акцијата опфаќа комплетен клима третман и 20 проверки на возилото. „За нас здравјето и благосостојбата на нашите вработени и клиентите е приоритет број еден. Сите продажно сервисни локации на Peugeot во земјава не престанаа со работа, ние сме отворени и со задоволство ќе помогнеме при сите барања во врска со купување на ново или со сервисирање на секое возило. Притоа секако дека ги почитуваме препораките и одржуваме безбедна дистанца. Сите во Peugeot сме фокусирани да овозможиме безбедно искуство со нас“ – со овие зборови извршниот директор Зоран Серафимовски ја најави акцијата со која Еуроимпекс очекува дека ќе им се олесни процесот на клиентите во одржувањето и грижата за своето возило, верувајќи дека ќе со тоа ќе придонесат за да им обезбедат безгрижни денови за периодот кој следи.

Системот за вентилација е простор во кој се размножуваат микроорганизми и бактерии. Па следствено на тоа, потребно е да се одржува во уредна состојба. Се препорачува еднаш годишно, најчесто пред користење на функцијата „ладење“, да се изврши дезинфекција на системот за вентилација и се промени кабинскиот филтер. Преку оваа операција ќе се заштити здравјето на патниците и воедно ќе се елиминира непријатната миризба која се чувствува во кабината. Заради тоа, акцијата на Еуроимпекс вклучува промена на филтерот за полен, дезинфекција на системот за вентилација, промена на разладниот флуид и уште 20 надворешни и внатрешни проверки на возилото, вклучувајќи и проверка на акумулаторот. Сé што треба да направите е да побарајте термин за сервисирање на вашето возило.

 

клучни зборови: