Peugeot – Продолжува да го поддржува образованието

Peugeot е горд на партнерството со Under the Pole, кое овозможува да се спроведат конкретни и корисни акции за зачувување на нашата животна средина

Програмата која комбинира иновативни експедиции низ светот, научни истражувања и активности за подигање на свеста за зачувување на океaните и живиот свет во нив наречена Under the Pole повторно доби поддршка од Peugeot. Со ова „Лавот од елисејските полиња“ докажува дека  ја дели оваа филозофија и одлучи да го стави образованието  на прво место во својата стратегија, а ѝда го фокусира својот придонес кон конкретни едукативни активности кои позитивно ќе влијаат врз животната средина. Програмата Under the Pole е основана во 2018 година, а зедно со Peugeot, имаат исти амбиции да се користи науката и технологијата за заштита на животната средина, особенно окенаите. Програмата се состои и од интеракција со пошироката јавност за да подигне свеста и важноста на оваа идеја.

Програмата има три мисии и тоа:

  1. Организирање иновативни експедиции низ светот фокусирани кон начучно истражување на океаните, особено поларните и изолирани региони.
  2. Поддршка на научните истражувања, особено преку Deeplife програмата, која ги истражува морските животни во мезофотската зона (темна зона со длабочина од 30 до 200 метри) и нивната клучна улога во функционирањето на морскиот екосистем. Тековната мисија, која ќе трае до 15 окомври 2024, во Грција, Италија и Франција, се обидува да утврди дали медитеранските мезофотски екосистеми можат да послужат како засолниште од климатските промени. Овие студии претставуваат главна истражувачка оска во наредните години за да се разбере врската помеѓу површинските и мезофотичните популаци и да се спроведат соодветни мерки за заштита.
  3. Зголемување на јавната свест и зачувување на океаните, врз основа на убедувањето дека знаењето има смисол доколку се споделува. Оваа програма, насочена кон едукација на младите и подигање на јавната свест, има форма на едукативен караван во кој се презентираат откритијата на нуркачите и научниците. Извонредната сценографија инспирира и ги поттикнува луѓето да го подобрат знаењето за морските екосистеми.

Во согласност со овие едукативни активности, сосема е природно Peugeot да стане официјален едукативен партнер на Under the Pole. Оваа нова заложба ќе се реализира на четири начини:

  • Преку креирање на едукативни содржини посветени на тоа што се случува за време на експедициите, објаснувања на научните програми и техники на истражување. Овие видеа ќе се најдат и на социјалните межи на Peugeot и Under the Pole.
  • Организирање на едукативни денови за време на грчката и француската етапа на Медитеранската мисија помеѓу април и октомври 2024. Peugeot со Under the Pole работеа на овозможување на едукативни денови за учениците во Грција, каде се вршеше истражувачката мисија.
  • Заеднички говори на партнерите на професионални настани во автомобилскиот, нуркачкиот и научно-истражувачкиот сектор.
  • Peugeot обезбеди две Peugeot Boxer возила за транспорт на целата потребна опрема за различните мисии на програмата. Првиот Peugeot Boxer се користи за влечење на бродот за нуркање и за транспорт на бројната опрема потребна за четирите мисии на медитеранската програма. Вториот Boxer се користи за транспорт за образовниот тим на Under The Pole низ Франција за акциите за подигање на свеста на пошироката јавност и учениците за океаните. Оваа патувачка мисија има за цел да ја зголеми свеста кај повеќе од 5000 луѓе во следните 12 месеци.

Peugeot овозможи и три 100% електрични возила (Е-208 и Е-308 SW) за да се поедностави секојдневното движење на тимот од “Under The Pole“ со нула емисии.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER