Peugeot мисли на своите купувачи
Еуроимпекс повторно со акција од -15% на дискови и плочки од системот за сопирање
Објавено на 6 февруари 2019 година
Доколку се спроведуваат редовни проверки и навремено се заменуваат деловите од системот за сопирање, патувањата ќе бидат поопуштени и безгрижни – советуваат од Peugeot. Симптомите кои покажуваат дека е време за замена се шкрипењето од делот на сопирачките, тресењето, подолготрајното запирање и кај поновите возила свети индикатор за плочки. Со желба да им излезе во пресрет на своите лојални клиенти, Еуроимпекс понуди промотивна цена на сите делови вклучени во системот за сопирање, како и на работната рака. Оваа акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 6.3.2019 година. Генералниот увозник за Peugeot за регионов исто така им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети, како и поправки на своите возила.