„Лавот од Елисејските полиња“ ентузијастички и одлучно посветен на радикална трансформација
На првото обраќање годинава Peugeot го објави својот амбициозен план за своите производи, екологијата и општествената одговорност. Преку петте букви „Е“, секоја го опишува едниот од петте столбови на која се потпира, Peugeot ја промовира својата E-Lion стратегија. Таа ќе започне веднаш да се применува.
Извршниот директор на Peugeot, Линда Џексон, најави дека со проектот E-Lion, компанијата го мобилизира целото свое технолошко знаење и креативноста на своите тимови за да им овозможи на сите свои клиенти пристап до одржлива мобилност. Стратегијата се базира врз EcoSystem, Experience, Electric, Efficience и Enviroment. Aмбицијата е Peugeot да стане водечки бренд на европскиот пазар на возила погонети од електрична енергија до 2025 година. Peugeot ќе понуди најголема гама на електрични возила од која било европска мејнстрим марка. Целта е да ги убеди своите купувачи да учествуваат во оваа еволуција преку мултиплицирање иницијативи да се направи мобилноста со нулта емисија достапна, едноставна и спокојна.
Досега Peugeot располага со 12 потполно електрични возила. Тоа се Peugeot E-208, E-2008, E-308, E-308 SW, E-3008, E-Rifter, E-Traveller, E-Partner, E-Expert и E-Boxer, а годинава флотата 100% електрични возила ќе ја надополнат два нови модели, E-408 и E-5008. Со овие 9 патнички и 3 лесни комерцијални возила, Peugeot ќе има најширока понуда на БЕВ од кој било европски производител на автомобили. Преминот на електричен погон Peugeot го поткрепува со грижата за потребите на купувачите. Тоа го покажува преку посветеноста да понуди автономија на највисоко ниво на пазарот.
Како пример се посочува новиот Е-3008 кој поставува нов репер во својот сегмент со досег до 700 километри досег. Со Free2Move Charge, клиентите на Peugeot имаат пристап до една од намасовните мрежи за полнење во Европа која вклучува повеќе од 600.000 точки за полнење, од кои над 77.000 се брзи полначи. На ова се надоврзува увереноста на компанијата во квалитетот на своите производи. Со новиот E-3008 компанијата ја обезбедува Peugeot Allure Care, програма која опфаќа гаранција во траење на 8 години и 160.000 километри на електричниот мотор, полначот, погонската група, главните електрични и механички компоненти и батериите.
Оваа услуга е наменета за големите европски пазари и автоматски се активира 2 години или 25.000 км по секоја услуга за одржување извршена во мрежата на Peugeot. Еден од 5-те столбови на проектот E-Lion е технологијата ChatGPT низ целата своја палета на патнички и комерцијални возила. Како пилот проект ќе се имплементира на пет пазари пред поширокото претставување. Вештачката интелигенција е интегрирана во Peugeot i-Cockpit и преку гласовен асистент станува партнер способен да одговори на безброј прашања и барања за секаков вид тема.
Воедно Peugeot создава комплетен екосистем базиран на решенијата на Stellantis и тоа е уште еден столб на проектот E-Lion. Групацијата Stellantis, под чии закрила се 14 компании, развива бизнис со кружна економија заснован на повторно производство, поправка, повторна употреба и рециклирање. Како пример повторно е посочен новиот Peugeot E-3008 е составен од 23% рециклирани материјали, вклучувајќи челици и полимери. Stellantis ја создаде подружницата Sustainera Valorauto, заедничко вложување со европски лидер во рециклирањето Galloo. Таа нуди комплетно решение кое вклучува собирање и демонтирање возила, обновување, реновирање и рециклирање на материјали.
Батериите за електричните автомобили во Европа и Северна Америка ќе бидат рециклирани со користење на иновативната нискојаглеродна технологија на Orano, водечката компанија за рециклирање на бетерии на возила, која овозможува значителна стапка на обновување на материјалите од литиум-јонските батерии. Хуманоста и животната средина се во срцето на проектот E-Lion со поставувањето на образованието во сржта на својата одговорна стратегија и да го фокусира својот придонес на конкретни едукативни акции кои влијаат на животната средина.
Првото партнерство беше воспоставено лани пролетта со француското научно и образовно здружение Under The Pole, чија една од миситe е да се подигне свеста кај новата генерација за главните предизвици за зачувување на океаните. Peugeot го најави второто партнерство за 2024 година со добротворната организација на ОК Born Free, која работи на заштита на дивите видови и диви места преку ангажирање, едукација и зајакнување на локалните заедници да коегзистираат со дивите животни во Кенија и други земји низ светот.
На крај на излагањето Линда Џексон, извршен директор на Peugeot изјави: „Денес, повеќе од кога било, бренд како Peugeo, мора да придонесе за поодговорен и одржлив свет за идните генерации. На пат сме да ја постигнеме нашата цел на Carbon Net Zero, но постојат различни начини. Убедена сум дека образованието е еден од клучевите за поодржлив свет и затоа сакаме да го дадеме нашиот придонес“.