Трансформер во заштита на законот
Ќе стане ли австралиската полиција прва во светот која за бркање на криминалците ќе користи летечки автомобили?
Така се надева компанијата Pegasus која претстави концепт на возило кое на пат се вози како автомобил а во воздух лета како хеликоптер. Основана пред скоро деценија ипол, оваа австралиска фирма ентузијастички работи на својот проект за летечки автомобил.
Задвижуван од мотор со 160 коњски сили, тој на пат може да постигне 120 а во воздух 160 километри на час. Се трансформира за само три секунди, а со еден резервоар гориво може да лета три часа до височини од 1.800 метри. Недостаток му е малата носивост од само сто килограми, а цената не е позната.