Само за ”тешки” екологисти!

Инвентивно решение за многу пари

објавено 21. декември 2020

Возилото Bio-Hybrid развиено од Schaeffler се нарекува возило само поради базичните допирни точки. Има четири тркала, две седишта и покрив. Возачот и патникот седат еден зад друг, а привилегијата да ги врти педалите му припаѓа само на возачот. Со други зборови се добива преработен велосипед! Да не збунува името Bio-Hybrid треба да се напомене дека со вртењето на педалите возачот има двојна сатисфакција. Профитира од кардио вежбање и ја полни батеријата која доаѓа на помош кога ќе затреба дополнителен напон. За оние што се ”зелени во душа” отворени се нарачките преку интернет. Резервацијата чини  490 евра и се пресметува во крајниот износ од 9.490 евра. Pedelec Duo ја оправдува цената со подвозјето кое има целосна суспензија, 5-инчен дисплеј осетлив на допир, 4G и GPS интеграција, USB порт за полнење и навигација со пресметка на опсегот базирана на топологија. Покрај верзијата за патници, ќе има и карго верзии со отворен простор за товарење и затворена кутија за транспорт.  Решителните добиваат попуст од 500 евра на така нареченото „Пионерско издание“, поволност што ќе трае до крајот на март 2021. Испораката ќе започне од август по редослед на дојдовните нарачки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER