Pagani Utopia Roadster (фото-галерија)

Отворен покрив, V12 мотор и мануелен менувач

Две години откако го лансираше својот трет модел Utopia, италијанскиот специјалист Pagani ја претстави и неговата родстер верзија. Ултимативна како и купето, таа е еднакво уметничко дело кое не жртвуваше ништо во перформансите. Нема електромотори, само чиста сила добиена од твин-турбо V12 моторот спарен со мануелен менувач, или кој сака, автоматизиран. Познатите елементи на дизајнот на Pagani остануваат – двојните тркалезни светла, големиот всисник на предиот дел и задолжителните четири издувни цевки на средина.

Истиот шестлитарски агрегат од купето по потекло од Mercedes со 864 KS и 1.100 Nm ќе го лансира до ограничените 350 km/h – бројките за забрзувањето не се објавени. Иста е и тежината од точно 1.280 kg, по заслуга на напредната монокок конструкција изведена во комбинација од карбонски влакана и титан и повеќе од 40 различни композитни материјали кои се употребени. Тркалата напред се од 21 а назад од 22 инчи, а пневматиците специјални Pirelli P Zero Corsa Cyber кои комуницираат со возилото. Внатрешноста е рај за пуристите – кевлар, алуминиум, кожа и аналогни инструменти – нема инфозабавни екрани и слични глупости.

Pagani планира да произведе 130 примероци Utopia Roadster по цена од 3,1 милиони евра без давачки.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER