Pagani – Кинеските се далеку пред европските марки!

Кага се зборува за електричните возила, Кина држи лекции за Европа вели Хорацио Пагани

Италијанскиот производител на хипер автомобили истражува нови технологии, за своите идни модели од кои не го исклучува електричниот погон. Оваа можност се разгледува неколку години, а доколку Pagani би се одлучил да прави електричен хипер автомобил, за технологија би се обратил во Кина. За оваков чекор би било потребно извесно време пред сé поради влијанието на тежината на батеријата врз перформансите. Минатата седмица во Хонг Конг се случи светската премиера на  на Pagani Utopia од кои ќе се произведат само 99 примероци.

Вкупната тежина на Utopia изнесува помалку од 1.300 килограми поради употребата на јаглеродни материјали. Иако електрификацијата е во полн ек, дури и кај хипер автомобилите, Хорацио Пагани смета дека купувачите на неговите автомобили имаат наклонетост кон традиционалните механики како моторите со внатрешно согорување и мануелните менувачи. Основан во 1990-тите, Pagani е еден од ретките производители на ултра скапи автомобили кои сè уште работат независно. Компанијата, со седиште во Модена, произведува околу 50 возила годишно и нарачките до 2025 година се пополнети. Има неколку причини поради кои Хорасио е воздржан кон електричниот погон.

Според него додека батериите не станат полесни и времето на полнење побрзо, тие нема да бидат целосно прифатени од автомобилите со високи перформанси бидејќи ќе бидат тешки и може да останат без струја само по неколку круга на тркачка патека одбивајќи да даде конкретно размислување кога Pagani би можел да воведе ЕВ во својата ергела. Сепак, производителите на автомобили треба да гледаат кон Кина по прашање на ЕВ. Кина го има најголемиот светски пазар на ЕВ, кој се предвидува да учествува со 60 отсто од овогодинешните 14,1 милиони нови патнички ЕВ на планетата. И покрај неизвесната економска перспектива на глобално ниво, побарувачката за ултра скапи автомобили е силна и нивната цена само расте. Досега, за своето 30 годишно постоење, Pagani продал само околу 500 автомобили и марката е една од ретките што вредноста на употребените возила само расте.

Досега не е забележано, без оглед на состојбата, некое Pagani да се продаде испод цената на купување. Како пример се зема возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, кој неговата  Zonda ја платил 1,4 милиони евра во 2014 и ја продал осум години подоцна откако автомобилот „настрадал“ летово во Хрватска за 10 милиони евра и тоа без направени репарации. Што се однесува до електрификацијата од Pagani ветуваат дека секогаш ќе го најдат вистинското решение, но кога, како и дали со кинеска технологија уште е рано да се шпекулира. Но, каде има чад има и огин.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER