Островски сојуз – Создадена голема петорка!

Собрале се Јапонците

Дали договорот за заеднички развој за уреди за комуникација во возилата ќе се прошири во техничка основа за заеднички енергетски платформи?

објавено 28. април 2021

Кога еден оперативен систем го користат повеќе производители тој станува интересен за употреба и евтин за импленетирање. Токму са таа цел Suzuki Motor Corporation, Subaru Corporation, Daihatsu Motor Co. Ltd, Toyota Motor Corporation  и Mazda Motor Corporation промовираат заедничка употреба на системите за комуникација со користење на поврзаност. Целта е создавање нова вредност на стандардизирани услуги отворени за соработка и развој од независни единки вон ”големата петорка“. Товарот го превземаат на свои плеќи Mazda и Toyota кои најмногу вложуваат со веќе постигнатото ниво на технолошки развој, но не е незначителен придонесот на останатите членови.  Во исто време, ќе биде можно да се намалат оптоварувањата за развој на секоја компанија учесник и да се поедностави работата на системот и надградбите на верзијата што вклучуваат дополнителни нови функции, а со тоа да се оптимизираат ресурсите како што се објектите и персоналот. Во перспектива ваквата соработка може да ги одведе на ново ниво компаниите во развојот и користењето на евнтуални заеднички платформи и енергетски решенија. Од ова најголема добивка би имала Toyota со проширувањето на корисниците на технологијата на горивни ќелии во комбинација со водород. На ова поле далеку се напредни GM и Stelantis преку Opel, додека Mercedes веќе долго кокетира, исто како Hyundai, со употребата на водородот кај лесните товарни возила. Прикаската оди и подалеку, но сега ќе останеме на првичната идеја, развој на услуги што ги збогатуваат животите на луѓето и решаваат социјални проблеми.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER