Со своите три нови кросовери Opel пружа широк избор за сите вкусови и потреби
Неодмна Opel ја комплетира својата понуда на кросовери која е најмлада на пазарот. Со ова „молњата од Руселсхајм“ се наметнува како марка која се грижи за потребите на сите категории купувачи исполнувајќи ги нивните потреби за модерен дизајн, просторност и ергономија како и избор на погони.
Триото Grandland, Frontera и Mokka го отсликуваат технолошката компатибилност на Opel проткаена со препознатливиот изглед кој привлекува се повеќе внимание. За тоа најзаслужен е дизајнот на предницата 3D Vizor во кого се имплементирани традиционалните и современите вредности на марката кои претставуваат нераскинлива нишка помеѓу трите кросовери.
Нивна поврзаност се пресликува и преку погоните. За трите обезбедени се 48 волтен благ хибриден склоп како и потполно електричен погон. Паметната, економична и компактна 48-volt hybrid технологија кај Grandland Hybrid, Frontera Hybrid и Mokka Hybrid овозможува многу предности при секојдневната употреба, економичност и динамичност. Погонот вклучува литиум-јонска батерија која автоматски се полни под одредени услови на возење.
Системската сила изнесува 100 или 136 КС во зависност на изведбата. Трицилиндричниот мотор е развиен специјално за Hybrid верзиите и доаѓа во комбинација со електрифициран шест-степен менувач со двојна спојка и електричен мотор од 28 КС. Ова решение се одликува со мала потрошувачка на бензин и ниска емисија на СО2. За разлика од останатите два модели, Grandland има и plug-in hybrid погон со кого може да помине 87 км само на струја.
Со моќноста од 195 КС и 350 Nm во комбинација со електрифицираниот седум-степен менувач со двојна спојка, загарантирано е импресивно задоволство при возење. Автомобилот со погон на предните тркала забрзува од 0 до 100 км/ч за само 7,8 секунди и достига максимални 220 км/ч. Исто така, Grandland, Frontera и Mokka имаат електричен погон. Grandland Electric веќе нуди избор од две електрични верзии.
Со батеријата од 73 kWh може да помине до 523 км со едно полнење додека кај Grandland Electric GS со батерија од 82 kWh, опсегот се зголемува до 582 km. Наскоро ќе се претстави и верзијата со батерија од 97 kWh со која ќе може да се помине дури до 700 km без емисии. Нешто помала по димензии, но голема со големо срце е Frontera Electric.
Клиентите кои сакаат да патуваат без издувни гасови веќе можат да ја нарачаат електричната верзија со 113 КС и батерија од 44 kWh и да возат до 305 км со едно полнење. Како верзија со „долг опсег“, новата Frontera Electric наскоро ќе може да помине до околу 400 км.
Најмалата, но и најшмекерска, е Opel Mokka Electric со електричен мотор од 156 КС. Благодарение на ефикасното пакување, инженерите можеа да обезбедат примерна автономија со компактна големина на батеријата од 54 kWh. Ова значи дека може да се поминат до 403 км. За сите три модели потрошуваката и автономијата се изразени според WLTP нормата. Инфозабавата игра клучна улога во корисничкото искуство на современите возила.
Ова е силна страна на триото од Руселсхајхм бидејќи сите се опремени со современи инфозабавни системи и дисплеи на кои има јасен испис на параметрите и едноставни, лесни за користење менија. Mokka Electric доаѓа со најсовремениот инфозабавен систем. Дополнително развиениот бестселер веќе е опремен со 10-инчен дигитален информативен дисплеј за возачот и подеднакво голем екран на допир во боја како стандард.
Ако новата Mokka има интегрирана навигација, ажурирањата на мапите се извршуваат “over the air”. Како и во Grandland, системот сега може да информира и самостојно да предлага дестинации и водење на рутата врз основа на навиките на поврзаниот профил на возачот благодарение на ChatGPT (достапен со поврзаната навигација). Тука не е крајот на она што Opel го нуди во своите три кросовери. За повеќе откријте сами со посета на продажните центри низ Македонија.