Opel – по патот на електрификацијата

Вести насловна

Транспортерите само на електричен погон

Combo Life и Zafira Life само на струја, Vivaro на горивни ќелии

Opel продолжува да го реализира планот за зголемување на флотата возила со нулта емисија. За тоа послужи гамата на комбинираните возила чија традиција во Руселсхајм се негува долго време. Од оваа година ќе бидат понудени исклучиво со батериско напојување на електричниот погон Opel Combo Life, Zafira Life и Vivaro Combi.

Ова претставува добра основа на сестринските Peugeot и Citroën кои, исто така, објавија дека нивните модели ќе ја користат истата база. Сега групата Stellantis ќе може да се пофали со значајна понуда на возила со нулта емисија. Покрај стандардната батерија со 50 kWh, Zafira-e и Vivaro-e Combi се достапни и со батерија од 75 kWh, а Vivaro-e Hydrogen има изведба со горивни ќелии. До средината на годинава Opel треба да електрифицира единаесет модели, а од 2024 година таков да биде секој произведен Opel.

Тука спаѓаат новата Astra plug-in Hybrid најавена за пролет и, нејзината чисто електрична верзија со батерии во 2023 година. Во истиот период ќе настапат наследниците на Crossland и Insignia. Според Уве Хохгешурц, извршниот директор на Opel, компанијата започнувајќи од 2028 година сите модели на Opel во Европа ќе бидат погонувани само на струја од батерии.